ВМРО-ДПМНЕ: Заев се плаши од поразот на изборите

by Фокус 15:12
15:12

Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска побара одговорност од премиерот Никола Груевски, за како што рече, криминалната продажба на Македонска банка, со реакција се јавија и од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев си го покажува своето вистинско лице. Со секој поминат ден граѓаните разбираат колку овој човек е полн со агресија, со гнев, со паника, граѓаните разбираат колкава нервоза има кај Зоран Заев и колкав страв има од поразот на изборите. Зоран Заев покажува дека е спремен и да лаже и да манипулира, само и само да се добере до власта. Неговите постапки говорат за него. Граѓаните секој ден се појасно и поубаво можат да ја видат неговата нереална и болна желба за власт, но и неговиот нечовечки лик, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Од партијата, на обвинувањата на Заев, возвратија со контраобвинувања.

– Овој Зоран Заев, кој деновиве може да го видат сите граѓани е всушност е истиот Зоран Заев кој е аболициран за криминал од повеќе од 8 милиони евра, е истиот Зоран Заев кој се закануваше дека живи луѓе ќе јаде, дека ќе се пука. Овој Заев е оној Заев кој се закануваше дека од чистачка па нагоре ќе ги брка сите од работа. Овој Зоран Заев е истиот Зоран Заев кој си делел огромни тендери на фирмите на неговиот татко, чичко, брат, братучеди, снаи. Овој Зоран Заев е истиот оној кој не знае колку пари и имот има тој и неговата фамилија. Овој Зоран Заев е вистинскиот Зоран Заев. Добро е што граѓаните имаат можност да го видат. Добро е што сам, носен од срамот и гневот од изборниот пораз, си го покажува вистинското лице, заклучуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ на Заев му порачаа и дека на 27 април неговиот пораз ќе бил уште поголем од оној на 13 април.

Поврзани новости