ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да го возобнови режимот на СДСМ

by fokus 13:19
13:19

Аболицираниот Заев прифаќа дури и Тиранска Влада се по цена да го возобнови режимот на СДСМ кој граѓаните добро го паметат, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-На изборите кои поминаа, граѓаните гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, а не за Тиранската платформа. Не дозволиво е Тиранска платформа да стане услов за формирање на Влада во Република Македонија. Таа Влада би била Тиранска Влада. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да ја свиткаат кичмата, да го прогласат албанскиот јазик и неговото писмо за официјален државен јазик, заедно со македонскиот и неговото кирилско писмо. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да ги променат името на државата, химната, знамето, банкнотите, униформите, написите. Аболицираниот Заев прифаќа дури и Тиранска Влада се по цена да го возобнови режимот на СДСМ кој граѓаните добро го паметат. Режим кој значеше криминал, затворање фабрики, бркање на улица 200.000 граѓани, шверц, неразјаснети убиства, накит со државни пари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости