ВМРО-ДПМНЕ: Заев прави пародија од судот

by fokus

Заев е фатен флагрантно како бара поткуп, а за тоа нема поголем доказ од снимката на која се гледа како дрско бара 200.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека одредени политички структури го местеле за поткуп со цел да го спречат објавувањето на бомбите во јавност.

-Јавноста го слушна Заев како бесрамно кажува дека земањето мито за легализација на земјиште е пракса во Струмица и дека многу луѓе требало да платат за да легализираат. Заев прави пародија од судот и правосудните органи, со години го влече процесот против него. Првин му се закануваше на  судот, а сега од позиција на власт рочиштата против него се закажуваат со временска дистанца од по месец дена, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека државата е заробена, институциите се злоупотребуваат, а правото не се применува.

Поврзани новости