ВМРО-ДПМНЕ: Заев повторно ги излажа граѓаните, вети задолжителен, а изгласа консултативен референдум

by fokus

Заев повторно ги излажа граѓаните, ветуваше референдум кој ќе биде задолжителен, а сега предложи и изгласа консултативен референдум, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на распишувањето на референдумот за Договорот со Грција.

-Заев и СДСМ се обидуваат да ги манипулираат граѓаните со нејасно и двосмислено прашање кое е спротивно на членот 15 од Законот за референдум. На тој начин само креираат дополнителна конфузија меѓу граѓаните. Доколку договорот со Грција беше добар и поволен за Македонија и не го бришеше нашето име, историја, традиција и култура, Заев со целокупната медиумска и невладина поддршка што ја има, ќе прифатеше да оди со само едно прашање, кое ќе беше јасно и недвосмислено, а ќе се однесуваше само на договорот од Нивици. Заев и СДСМ не се залагаат за европска иднина на Македонија. Доколку тие се залагаа за европска Македонија ќе водеа борба против корупцијата, немаше да ја заробат државата и да ја укинат парламентарната демократија. Власта не може да сокрие својата неспособност со потпишување на капитулантски договори и затоа мора час поскоро да си замине. Само така Македонија ќе победи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости