ВМРО-ДПМНЕ: Заев нека ги тргне розовите очила, во негово време 40.000 луѓе останаа на улица

by Фокус

Нека ги тргне Зоран Заев розевите очила и договорените интервјуа и нека одговори на вистинските теми, како покачувањето на струјата од која спонзорот на Заев зема 6.4 милиони евра преку тендери во ЕЛЕМ, спонзор на СДСМ кој не е регистриран, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ кон денешниот настап на премиерот Заев на МТВ.

„Тендерите кои ги добива струмичка агенција за обезбедување преку универзалниот снабдувач и камионите со струмички таблици кои вртат во РЕК. Отчетот на Заев во овој месец дена би бил: бизнис за анти НАТО и анти ЕУ бизнисмен Дака, за добивка од 200 милиони евра, пропадната банка и измамени штедачи, поскапа струја и хаос со градинките и школите“, велат од ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека во време на СДСМ има историски најголем пад на БДП од 12.9 отсто и 40.000 работници на улица.

„Со Заев имаме пропадната банка. Испумпани пари преку струмички фирми со кредити без покритие од Еуростандард банка. Стотици штедачи оставени без своите пари и илјадници граѓани пред банките во страв и паника. Заев не се бори против криминалот, тој го прави“, стои во реакцијата.

Поврзани новости