ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може вечно да се сокрива зад Катица Јанева

by fokus 10:10
10:10

„Никакви СЈО нарачки нема да му помогнат на Зоран Заев и СДС да ги дефокусираат граѓаните од реалноста во која тие очекуваат од СДС да почнат да работат и да ги реализираат ветувањата кои им ги дадоа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Заев нема да може вечно да ја прикрива неработењето и неспособноста преку црни кампањи против ВМРО-ДПМНЕ кои ќе му ги води Катица Јанева. Според нив ќе дојде моментот кога Заев ќе биде прашан каде се ветените проекти и мерки. Од голиот популизам, укинувањата, блокирањата и најавите за уривање не се подобрува стандардот.

- Advertisements -

-СДС во текот на изборниот период ветуваше дека ќе го слуша гласот на граѓаните и нивните потреби ќе бидат пред се. СДС сега доби шанса да го стори тоа со граѓанскиот предлог за зголемување на периодот на породилно отсуство за мајките од 9 на 18 месеци. СДС ги изневери очекувањата и ветувањата дека ќе се посвети на граѓанските иницијативи, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ има слух за граѓаните и нивните потреби и ја поддржа иницијативата.

-СДС наместо да се занимава со популизам, треба да покаже општествена одговорност и да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за зголемување на породилното отсуство, кој е автентично граѓански и носи придобивка за сите идни мајки. Тој е добар и демографски и значи чекор плус во засилувањето на семејните вредности, велат од партијата.

Тие ја обвинуваат Владата дека кај нив не постои свест за квалитетни проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.

-Затоа рушат и укинуваат се, без притоа да направат соодветна анализа и да понудат поквалитетни решенија. Укинувањето на Кембриџ програмата ќе биде една од најголемите грешки на СДС, бидејќи истата се применува во над 160 земји во светот и придонесе за зголемување на квалитет на образованието и подобрување на резултатите кај учениците, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости