ВМРО-ДПМНЕ: Заев најавува судски пресуди преку својата продолжена рака за прогон СЈО

by Fokus

Правосудниот систем е под целосна контрола на власта, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев се стави над правосудниот систем и најавува судски пресуди, иницирани преку својата продолжена рака за прогон СЈО, уште пред тие да бидат донесени. Ова е апсолутен  доказ дека правосудството е под целосна контрола на картелот и игра по нотите на Зоран Заев. Ова е втор пат како Заев најавува, а правосудните органи извршуваат. Заев уште во февруари 2016 година од партиски митинг на СДСМ  најави дека  СЈО ќе почне со истраги и притвори против неговите политички противници. СЈО испорача, а сега Заев најавува пресуди, уште пред да бидат завршени рочиштата“, – се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости