ВМРО-ДПМНЕ: Заев му поднесуваше кривични пријави на Бујар Османи, а сега го назначува за шеф на преговарачкиот тим

by fokus 09:59
09:59

Зоран Заев назначува за шеф на преговарачкиот тим за преговори со ЕУ, човек кој пред 3 години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави. Според стандардите на Заев, Бујар Османи кој до пред извесно време беше криминоген сега ќе треба да ја европеизира Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е човек кој денес едно зборува, а утре друго. Република Македонија е жртва на неговата политика базирана на лаги, манипулации и тргување со националните интереси. Власта не води грижа ниту за државата, ниту за граѓаните. Зоран Заев и СДСМ ги кршат Уставот, законите и процедурите, за по секоја цена да го спроведат капитулантскиот договор“, велат од партијата.

- Advertisements -

Од таму посочуваат дека менувањето на Изборниот законик со цел да се изигра и заобиколи законската обврска и зададената практика за гласање на ДИК со 2/3 мнозинство и со консултација на опозицијата е, како што велат, гушење на демократијата и претставува удар врз досега воспоставената пракса која гарантира изразување на волјата на граѓаните.

„Инклузивноста, како демократска вредност е целосно погазена од Зоран Заев, човекот кој ветуваше дебата за се, а сега по секоја цена уништува дури и најмала форма на дискусија. ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес. Република Македонија мора да се демократизира и таа цел нема цена. Зоран Заев и СДСМ не смеат да бидат кочничар на демократизацијата. Кршењето на правото со цел спроведување на капитулантскиот договор не смее да помине. Неправото не смее да стане пракса. Република Македонија заслужува да оди напред. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат“, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости