ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе одговара за злосторничкото здружение кое го формираше

by Fokus 11:52
11:52

Се што прават челниците на партијата водена од аболицираниот криминалец Зоран Заев е обид за изигрување на законот. СДСМ е синоним за криминал во Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Поранешниот новинар Мухамед Зекири донирал 180.000 денари за кампањата на СДСМ, набргу по вработувањето во партијата. Откако стана политичар Зекири на својот анкетен лист пријави подновување и со нов џип и купување на нов стан. Сето тоа Зекири успеа да го постигне со платата од 500 евра, која Заев му ја даде за да не останел без денар на улица, како што јавно се пофали аболицираниот криминалец – се наведува во партиското соопштение од партијата.

Од таму додаваат дека Петре Шилегов донирал  трипати помалку од Зекири за СДСМ, но затоа пак успеал да заштеди повеќе и за 2 години борејќи се со режимот се стекнува со три нови станови.

– Во меѓувреме сеуште молчи и не соопштува дали тој е новата Радмила Шекеринска која сама на себе си издава станови за 5.000 евра, како што упатуваат сите индиции околу договорите кои во име на неговото адвокатско друштво си ги склучува сам со себе, за консултации, кирија и трошоци – велат од ДПМНЕ.

Според нив, Зоран Заев ќе одговара за злосторничкото здружение кое го формираше и кое има за цел да ја раскрчми Македонија.

 

Поврзани новости