ВМРО ДПМНЕ: Заев ќе изгуби и затоа им пишува на амбасадорите

by fokus

„Не може никој да е виновен што самиот одлучи да нуди двојазичност и федерализација, спротивно на интересите на македонскиот народ. Не може да му се виновни судовите што Катица Јанева не може да му ги испорача политичките нарачки. Не може судовите да се виновни што Катица Јанева за година дена не успеа ни да ги научи делата што му се ставаат на товар во случајот „Пуч“. Инволвирањето на Уставниот суд од страна на Заев е измислување нов услов за изборите, исто како и условувањето со носењето на буџетот за идната година. Македонија мора да продолжи да функционира без разлика на блокадите од СДСМ. Тој што ќе победи на изборите може да направи ребаланс на буџетот, доколку смета дека е тоа потребно. Аболираниот криминалец Зоран Заев знае дека ќе изгуби. Негово е да се жали до амбасадите, но бегање од волјата на народот нема“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по писмото кое Заев го испрати до амбасадите со предупредување дека власта предводена од ВМРО ДПМНЕ со деструктивно однесување го подрива изборниот процес.

Поврзани новости