ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја ветуваше Европа, а донесе криминал и корупција

by Фокус

Ветувањето на измамникот Заев за ЕУ е готово, овој човек носи само криминал и стагнација, реагира ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски по бугарското вето.

-Може сега Заев да смислува изговори за неговиот неуспех и неспособност до бескрај, но неговата неспособност и лажни ветувања ги плаќаат граѓаните. Заев ветуваше дека ќе почнеме датум за преговори уште пред 4 години, дури и излажа дека сме добиле датум за преговори. Заев ветуваше дека ќе имаме бесплатно здравство како во Европската Унија. Дека откако ќе го смениме името веднаш ќе влеземе во Унијата. Заев ветуваше и дека ќе градиме патишта бидејќи ќе влеземе во ЕУ, дека невработеноста ќе се намали а платите ќе се зголемат. Четири години потроши од нашите животи, а видовме само криминал, корупција и многу лаги“, велат од ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека договорот со Бугарија е камен на сопнување.

Поврзани новости