ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Царовска за да ги зачуваат фотелјите ги менуваат историските факти

by fokus

Премиерот Зоран Заев со најавата за менувањето на учебниците по географија прави своеглаво газење на историјата на оваа земја, иако им вети на македонскиот народ дека ништо нема да се менува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да ја менува историјата во учебниците само за да го задржи своето место на политичката сцена во Република Македонија, го повикуваме веднаш да почне консултации со научната јавност во државата.

Дали е ова обид за уште еднаш бришење на македонската културна посебност?

Во оваа држава постои Институт за историја, постои научна фела, постојат илјадници научно-истражувачки трудови, постои државна архива каде со факти се докажува постоењето на овој народ. Прочитајте барем една страница од небројниот тон страници пишувани на оваа тема, за нештата да ви станат појасни.

Сепак можеле да бидат и емотивни, а кога треба да се преговара од име на целиот народ за нашиот македонски идентитет треба да бидеме рационални.

Ја повикуваме министерката Царовска и нејзиниот шеф, Зоран Заев, веднаш да престанат со менување на македонската историја. Веднаш да престанат со играњето со чувствата на овој народ и конечно да почнат да се занимаваат со реални проблеми. Историските факти не може да се сменат само заради сочување на функционерската фотеља на Царовска и Заев, велат од партијата.

Поврзани новости