ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Рашковски со измислици сакаат на улица да остават стотина вработени

by Fokus

Она што Заев и Рашковски го прават е незаконски и ќе дојде време кога ќе одговараат. Ќе одговараат и Заев и Рашковски, но и сите оние во администрацијата кои доброволно или под закана им помагаат во незаконските дејанија, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Зад превезот и измислиците дека има злоупотреби тие сакаат да остават на улица стотина вработени најголем дел припадници на помалите етнички заедници. Ова е директна дискриминација на турската, српската, бошњачката, ромската и влашката заедница. Тие на овој начин го одвлекуваат вниманието од вистинските злоупотреби и незаконски именувања кои ги прават. Прават линч и дискриминација на многу заедници, ова е доказ за партиско политичка дискриминација – се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека СДС ја преполни владата со скапо платени српски советници, твитерџии, шарени револуционери, луѓе од подземјето, насилници, и луѓе кои Заев смета дека треба да бидат наградени само затоа што му помогнале во кампања.

Поврзани новости