ВМРО-ДПМНЕ: Заев го искина имотниот лист на Македонија, тој треба да си поднесе оставка!

by fokus 11:06
11:06

ВМВРО-ДПМНЕ со писмена реакција се спротиставува на тезата на премиерот Заев кој во интервју за МИА изјави дека со влезот во НАТО, Македонија го обезбедила својот имотен лист.

„Имотниот лист на државата е АСНОМ и референдумот од 1991 година, а Заев е шредерот кој го кине парче по парче имотниот лист. Со Заев иднина е невозможна, исто како и ЕУ“, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Според оваа партија, се што направил Заев е уништување, на она што со векови и децении било градено.

„Заев да имаше малку лице ќе си поднесеше оставка уште кога добивме вето за отпочнување на преговорите со ЕУ. Со ветото за ЕУ пропаднаа сите ветувања на Заев, тој тврдеше дека се решени сите прашања со соседите, а сега гледаме нови ултиматуми, но и дека ќе влеземе во ЕУ, а сега гледаме дека сме подалеку од ЕУ од кога било.Со Заев ЕУ е невозможна мисија. Со Заев нема иднина“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости