ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги потхранува големоалбанските апетити

by Фокус

Откако тоа го стори СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ ја осуди изјавата на дебарскиот градоначалник од редовите на ДУИ, Ружди Љата, дека крвта и срцата на Албанците се во Тирана. Оваа изјава, според Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, го уништува духот на соживотот и длабоко го поткопува темелот на државноста и уставното уредување.

– Ваквите националистички и ретроградни изјави кои зачестија во последниот период се предизвикани директно од антидржавното делување на криминалецот Зоран Заев, неговите антидржавни ветувања во Берн и прифаќање целосно да ја реализира тиранската платформа – рече Данев.

Тој додаде дека Заев е главен поттикнувач на „големоалбанските“ апетити во Македонија и во регионот со обидот на направи влада по секоја цена на сметка на државните и националните интереси.

Поврзани новости