ВМРО-ДПМНЕ: Заев да ги исполни ветувањата за влез во ЕУ и НАТО

by fokus

Опозициската партија ВМРО-ДМПНЕ очекува од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да го исполни ветувањето и да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО што е можно побрзо, без притоа да го загрози идентитетот на државата и да прави договори кои ќе бидат на штета на македонскиот народ.

„Зоран Заев не смее да губи ниту ден во барање на празни оправдувања кои имаат цел да ја дефокусираат јавноста од исполување на ветувањата што ги даде. Досегашните чекори на новата влада се сведуваат на најави за уривање, блокирање и укинување. Досегашните чекори на новата влада се антиреформски и не носат никаква дополнителна вредност на граѓаните.

Добро е што Заев ги продолжува проектите на ВМРО и со 76 милиони евра од буџетот почна да ги исплаќа субвенциите за земјоделците, покачените пензии и стипендии, но нема никаква корист од лагите дека СДС во буџетот затекнал само 6 милиони евра, бидејќи во таков случај се поставува прашањето каде исчезнале 124 милиони“, велат во соопштението за јавноста од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ не смее да ја повтори приказната од 15-ти септември кога народот беше сведок на најголемата лага за вработување по еден член од секое семејство.

„Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости