ВМРО-ДПМНЕ за утре најави обелоденување на афера „Профитер“

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва најави дека утре ќе објави, како што велат, нова афера за градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

-Зошто градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов има богатство за кое нема покритие како е стекнато? Како тендерите на град Скопје секогаш завршуваат со најскапата понудена понуда? Како градот ги мести тендерите? Кои се омилените компании на Шилегов? Утре во 11.30 часот ќе обелодениме докази за аферата „Профитер”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости