ВМРО-ДПМНЕ за лобирање во САД потрошила над еден милион долари за повеќе од една година

by fokus

За лобирање во САД, ВМРО-ДПМНЕ потрошила над еден милион долари за повеќе од една година, од ноември-декември 2015 до јануари 2017, покажуваат документите објавени на страната на Американската агенција за регистрација за странски соработници Фара, пишува во истражувањето кое го направи БИРН.

Според американските документи, во ноември 2015, ВМРО-ДПМНЕ преку нејзиниот генерален секретар Емил Димитриев стапува во контакт со три лоби и пи-ар агенции: „Њу партнерс консалтинг“, „Глобал секјурити иновативес“ и „Дашл груп“.

Во истражувањето се вели дека најмногу исплати се случувале практично во едно тримесечје, од ноември 2015 до јануари 2016, кога Никола Груевски заминува од позицијата премиер и на негово место доаѓа Емил Димитриев.

Пи-ар и лоби компаниите во САД на секои 6 месеци имаат обврска да ги пријавуваат парите што ги добиваат од странските клиенти, па така е можно и да се изврши увид на сите исплати, но и активности на лобистите за јакнење на имиџот на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од Америка, европските компании немаат обврска да даваат отчет за своите клиенти, па не е познато дали партијата ангажирала услуги на европски лоби групи и пи-ар компании.

Сторијата на БИРН во целост прочитајте ја тука.

 

Поврзани новости