ВМРО-ДПМНЕ за изборите се рекламирала 157 часа, а СДСМ 65 часа

by fokus

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги денеска објави дека во изборната кампања за локалните избори коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ се рекламирала најмногу, односно 157 часа.

По ВМРО-ДПМНЕ следува СДСМ со драстично помалку часа поминати на телевизиските екрани во вид на реклами. СДСМ се рекламирала 65 часа.

Според мониторингот за платеното политичко рекламирање што го спроведе АВМУ, ДУИ во медиумите се рекламирала 13 часа, а БЕСА 9 часа.

Од телевизиите на државно ниво, најмногу реклами се емитувани на ТВ Нова и на ТВ Сител.

Поврзани новости