ВМРО-ДПМНЕ: За 22 починати од ковид во еден ден виновни се Комисијата за заразни болести и Филипче

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение обвинува дека бројката од 22 починати од ковид-19 во текот на вчерашниот ден е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и министерот Венко Филипче кои, според партијата, „го преспале цело лето без ништо да направат со цел да ја подготват државата за есенскиот бран“.

-Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка. Венко Филипче го внесува системот во хаос. Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети, иако знаеше дека нѐ очекува есенски бран. Власта не направи ништо ниту навремено да обезбеди вакцина против сезонски грип,  а со тоа ги остави возрасните и хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија. Венко Филипче не инвестираше ниту во здравствениот персонал, и со своето лошо менаџирање само придонесува медицинскиот кадар да ја напушта државата, се вели во партиското соопштение во кое се бара одговорност.

Поврзани новости