ВМРО-ДПМНЕ: Во преговорите со ДУИ не прифативме двојазичност и бинационална држава!

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека не постигнале никаков договор со ДУИ бидејќи не прифатиле двојазичност на целата територијата на Македонија и државата да стане бинационална држава.

„Тоа што ја интересира јавноста е што ќе реализира новото парламентарно мнозинство и како ќе се спроведе балансот меѓу гаранциите кои ги потпиша Зоран Заев кај Претседателот Ѓорге Иванов и Тиранската Платформа со која што партиите на Албанците ја условуваа својата поддршка за идната владина коалиција. Добро е што под притисок на 80-дневните најмасовни граѓански протести и под политички притисок на ВМРО-ДПМНЕ, СДС ретерираше и Заев јавно се обврза дека нема да реализира туѓи платформи. Добро е тоа што ДУИ воочи колку е штетна имплементацијата на Тиранската Платформа и призна дека поголемиот дел од неа нема да влезе во владината програма“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости