ВМРО-ДПМНЕ во минус од над 1 милион евра за изборната кампања

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ потрошила 1 милион и 191 000 евра за предизборната кампања, а собрала приход од 174 000 евра, покажува извештајот на партијата доставен до Државната изборна комисија.

Во него, партијата пријавила дека е во минус околу 1 милион и 24 илјади евра.

За реклама и пропаганда се потрошени 847.686 евра, за репрезентации околу 6.000 евра, за други услуги околу 5.500 евра, за патни трошоци и дневници околу 8.500 евра.

СДСМ пак, за изборната кампања потрошила значително помалку или 231.544 евра, а пријавила приходи од 289 659 евра.

ДУИ пријавила приходи од 78.134 евра, а расходи во износ 280.235 евра.  ДПА за изборна кампања потрошила 26.185 евра.

Најмалку пари во кампањата потрошила Левица, која од донации собрала 18.500 денари, а потрошила 41.216 денари.

Поврзани новости