ВМРО-ДПМНЕ: Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра

by fokus

СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија. Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра. Откако е СДСМ на власт не поминува масец без две три задолжувања, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, постојаното задолжување резултираше со скок на јавниот долг на над 5 милијарди евра.

-И додека не запираат новите кредити кои со камата ќе ги враќаат идните генерации власта не гради ништо. Парите наместо на капитални проекти одат за партиски вработувања и популистички мерки, кои немаат никаков ефект врз граѓаните. Расипничките политики на Зоран Заев и СДСМ мора да запрат. СДСМ мора да си замине, се додава во соопштението.

Поврзани новости