ВМРО-ДПМНЕ: Власта во ек на пандемија сака да профитира од превозот на нашите сограѓани од странство

by Fokus

Власта во ек на пандемија прави криминал и сака да профитира од превозот на нашите сограѓани од странство до Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашите граѓани кои доаѓаат од странство, за разлика од луѓето од другите држави кои се гржат за сопствените државјани, сами си го плаќаат превозот. Владата не покрива ништо! Неажурноста на власта ги остава луѓето по цел ден во автобуси, без храна, вода и можност да излезат. Власта фатена во криминал се жали за притисок. Притисок ќе има кога ќе имаме независно судатво и органи на прогонот кои ќе ги обелоденат матните зделки. Одговорност мора да има. Здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена, порачуваат тие преку своето соопштение.

Поврзани новости