ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев не обезбеди 40.000 учебници за учениците

by Fokus

Негрижата и неодговорноста на владата на Заев и на СДС се гледа на секој чекор. Последен е примерот со неспособноста на владата да обезбеди со месеци 40.000 учебници за основните училишта низ целата држава, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Два месеци мува не ги лази Заев и СДС за ваквата катастрофална состојба и никој не сноси одговорност. Речиси цело полугодие помина, а учебници се уште нема. Граѓаните не видоа никаква реформа во образованието, освен укинување на екстерното оценување, сега гледаме дека суптилно ги укинуваат и бесплатните учебници за учениците. Недостатокот на 40.000 учебници значи дека семејствата ќе мораат од свој џеб да купуваат учебници или да фотокопираат само за да може нивните деца да се образуваат – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости