ВМРО-ДПМНЕ: Владата на црната тројка Тевдовски, Заев и Анѓушев продолжува да ја урнисува македонската економија

by Fokus

Владата на црната тројка Тевдовски, Заев и Анѓушев продолжува да ја урнисува македонската економија. Вчера беше најавено ново задолжување кое според проспектите за аукција треба да биде во висина од околу 61 милион евра, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Со оваа аукција која треба да се случи како по правило во вторник вкупниот износ на средства кои расипничката и неодговорна власт на СДС ги има потрошено во рок од три месеци ќе изнесува вкупно 410 милиони евра! Во нив влегуваат и 170 милиони евра потрошени девизни резерви на Република Македонија. Замислете потрошија за три месеци 410 милиони евра, а не направија буквално ништо – изјави Лилјана Кузмановска.

Поврзани новости