ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС со 350 милиони евра можеше да реконструира 175 болници

by Fokus 11:08
11:08

ВМРО-ДПМНЕ со два милиони евра ја реконструира Специјалната болница за белодробни заболувања и турбекулоза ‘Јасеново’ во Велес. СДС за овие 100 дена владеење ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра. Со овие пари неодговорната влада на Заев можеше да реконструира 175 болници низ Македонија што ќе беше од големо значење на граѓаните, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Влада на СДС не реконструира ниту една болница, а парите на граѓаните расипнички ги потроши. Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубна политика што ја спроведоа СДС и Заев. Граѓаните видоа дека на владата на СДС здравјето на граѓаните е ставено во втор план, а приоритет е луксузирањето на нивните партиски војници – се наведува во партиското соопштение.

- Advertising -

 

Поврзани новости