ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС ја уништува Струга

by fokus

СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга, jа загрозуваат летната туристичка сезона, a револтот од граѓаните кон владата на СДС се зголемува, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека министрите од владата на СДС секој ден се среќаваат со разни амбасадори, стружани се задушуваат од густиот чад кој доаѓа од депонијата што секој ден гори. Владата на СДС е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на отпадот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија побараа по итна постапка да се одржи седница на која ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонија, која што со денови ги труе стружани. Темата за депонијата во Струга е важна, не може и не смее да биде замолчена со одземање збор на пратеник“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ не ја оправдуваат реакцијата на Талат Џафери кој, како што велат во соопштението, на крајно недемократски начин се обидел да ја затвори оваа тема и не дозволувал процедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости