ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваа кратење, а ги дуплираа патните трошоци

by fokus 18:38
18:38

Ветуваа живот за сите граѓани, а сега животот дојде само за функционерите од СДС, обвини денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветуваа кратење на непродуктивните трошоци веднаш откако ќе дојдат на власт, а сега ги дуплираат за свој личен луксуз. За 2018 година СДС за луксузирање на нивните функционери, под ставката Буџет за дневни и патни трошоци двојат дури 12.5 милиони евра. Минатата година буџетот за ова изнесувал 7.3 милиони евра, а оваа година за 5.2 милиона евра повеќе или скоро двојно повеќе.  СДС, Заев, Тевдовски, Шекеринска и останатите, грубо ги лажеа граѓаните. Ова е срамно и потценувачки. Потценувачки е за над 1.700 семејства на вработените од „Еурокомпозит“, „Колска“, „Фени индустри“ кои благодарение на непосветеноста на оваа влада да им го реши проблемот, грубо беа лажени наназад месециве дека ќе им се реши проблемот, додека пак СДС за луксузирање троши двојно повеќе од лани, рече Костовски.

- Advertising -

Поврзани новости