ВМРО ДПМНЕ вечер на митинг во Кочани, СДСМ во Гевгелија

by Fokus

Партијата ВМРО-ДПМНЕ изборна кампања денеска ја продолжува во Кочани каде вечерва се очекува да биде одржан народен митинг под слоганот „Новата ера почнува“. Опозициската партија во Виница и Кочани ќе ги претстави кандидатите за градоначалници на овие општини, Мартин Павлов и Ратко Димитровски.

Владејачката СДСМ, пак, изборната кампања ја продолжува во Гевгелија, каде што во осум часот ќе биде одржан митингот. Претходно, социјалдемократите ќе одржат митинзи во Дојран, Богданци и Валандово каде што ќе ги престават своите кандидати.

Поврзани новости