ВМРО-ДПМНЕ укажува на штетните последици од загадувањето на воздухот

by fokus

„Граѓаните на Република Македонија секојдневно се соочуваат со еколошка бомба, а институциите молчат. Мерните станици секој ден покажуваат опасно висока загаденост на воздухот со ПМ10 честички. Последиците од загадениот воздух се повеќе ги чувствуваат граѓаните и ги плаќаат со своето здравје. Секој ден болниците низ државата се полнат со луѓе кои имаат респираторни заболувања“, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека граѓаните се оставени сами на себе.

Во соопштение од партијата стои дека владата на СДСМ која е 6 месеци на власт не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нема план.

„Владата на СДС дури ги укина и корисните мерки кои ги имаше воведено претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По стапката на владата на СДС тргнаа и нивните градоначалници кои по локалните избори стартуваа со контра мерки. Додека мерните станици на министерство за животна средина и просторно планирање алармираат секој ден дека има превисоки концентрации на ПМ10 честичките, и граѓаните се гушат, владата на СДС се грижи за нивните луксузирања и полнење на институциите со партиски војници“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека Владата на СДСМ и нивните градоначалници ќе сносат одговорност затоа тоа што не превземаат ништо околу намалување на загаденоста на воздухот, поради која, посочуиваат, секој ден се губат човечки животи.

 

 

 

Поврзани новости