ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во вторник Владата ќе се задолжува, СДСМ демантира

by fokus

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Владата предводена од СДСМ во вторник ќе ја задолжи државата за нови 24 милиони евра и дека македонската економија е пред амбис.

-Не поминаа ниту десет денови од последното задолжување кое изнесуваше 72,3 милиони евра, а финансиската кујна на СДС веќе ни спреми ново задолжување на домашниот пазар. Во екот на предизборната кампања, министерот Тевдовски, издава широка палета на државни хартии од вредност.  СДС во очи на избори забрзано се задолжува, без да каже каде ќе одат парите, кои утре треба сите ние заедно да ги враќаме, рече Делев.

СДСМ ги демантираше овие обвинувања и рече дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести.

-Со хистерични прес конференции ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и признава дека цели 11 години работеа на уништување на економијата и на штета на граѓаните. Токму тие штети што ги направи Никола Груевски сега ги санира Владата предводена од СДСМ, со одговорно и рационално раководење со јавните финансии. Лага се информациите што Христијан Делев ги пласира за наводно ново задолжување. Станува збор за редовна процедура со која се носи одлука за нивото на задолжување на домашен пазар што е веќе предвидено во ребалансот на буџетот. Се санираат штетите направени во економијата. Навремено се исплаќаат доспеаните обврски на државата, а задолжувањата на домашниот пазар се одвиваат по пониски каматни стапки и поповолни услови. Парите од буџетот се насочуваат за потребите на граѓаните, реагираат од СДСМ.

 

Поврзани новости