ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Тарчуловски е наместен и изваден од контекст, но не кажува како

by fokus

Според ВМРО-ДПМНЕ, видеото на кое јасно се гледа како нивниот кандидат за градоначалник на Кисела Вода, Јохан Тарчуловски вели дека „тој што донел највише гласови, на тој ќе му се направи“, е местенка и извадено од контекст.

-Ниту една манипулација, изјава извадена од контекст, местенка и лага не може да го спаси СДС од огромниот пораз кој ги очекува. Видеото кое СДС го шири низ интернет просторот за Јохан Тарчуловски е целосно извадено од контекст.Граѓаните имаат јасен избор, од едната страна го имаат ВМРО-ДПМНЕ кое има програма со проекти и мерки произлезени од реалните потреби на граѓаните, за кои знаат дека ќе бидат реализирани и остварени, за што гаранција е нашата досегашна работа. Од друга страна го имаат СДС, кои 4 месеци со прст немаат мрднато за граѓаните и државата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од паријата не кажаа кој бил вистинскиот контекст на зборовите на Тарчуловски:

„Те донеле тебе Припор и Драчево и главните места и тука ја имам терет и одговорност према луѓето, а не Пржино, Црниче, кои што се 90 отсто против мене. И тој не ти ни отвора врата и те пљука од прозор, сега ме тера некој да му правам јас одвод и канализација, а ти овде немаш ни струја, ни вода. Не може тоа така бе! Има ред. Ќе почнеме први од тој што заслужил. Тој што донел највише гласови, на тој ќе му се направи. После ќе видиме дали ќе има нешто за другиот или ќе нема. Ќе си чекаш ти ребаланс кога ќе дојде редот на другиот.“

 

 

Поврзани новости