ВМРО-ДПМНЕ тврди дека располага со видеа како се праќале пораки на работниците да гласаат на референдумот

by Fokus

Криминалната и одродена власт има само една цел, а тоа е да ги натрупаат сопствените банкарски сметки преку брутален грабеж на државата и народот. Половина од мандатот го потрошија на криминал, милионски тендери во четири очи и распродажба на националните интереси, велат од  ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до јавноста.

„Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е аболициран четири пати за криминал. Еднаш за „Глобал“ во висина од 8 милиони евра, вторпат за случајот „Поткуп“ познат во јавноста како “евро за Вицето, евро за црквата“, трет пат за Пуч и четврти пат за барање упатено до бизнисмените да вршат поткуп на граѓани да излезат на референдум, за што постојат и видео докази. Јавното обвинителство иако најави истрага за предреферендумскиот повик на Заев за поткуп од страна на бизнисмените епилог се уште нема. Постои видео инсерт од предреферендумскиот собир на Заев во Крива Паланка, каде што Заев вели: – Денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се отвораат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците – се навесува во партиското соопштение.

Поврзани новости