ВМРО-ДПМНЕ: Целата економија е во пад, само бизнисите на Евро Заев се зголемуваат.

by Fokus

Република Македонија тоне со СДСМ на власт. Со раст на БДП од 0.1% и пад на градежништво од 37% се покажува и докажува дека државата само се задолжува, а ништо не се работи особено на инфраструктурен план, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, СДСМ  треба да одговара за уназадување на државата, а не да си игра со интелегенцијата на луѓето за наводни проблеми на некој проект па да се испере за својата неспособност и фијаското на инвестиционен план.

-Сите тековни предизвици што се појавуваат во време на изградба се надминуваат со вредна работа и посветеност, но за жал на СДСМ овие зборови им се непознати и не го разбираат нивното значење. Целата економија е во пад, само бизнисите на Евро Заев се зголемуваат. За една година СДСМ, Република Македонија е на дното на Европа, само бизнисите на Заеви се на врвот. Народот веќе не ви верува и едноставно ви порачува дека веќе вашите лаги НЕ ПОМИНУВААТ – се наведува во реакцијата од ДПМНЕ.

Поврзани новости