ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да си поднесе оставка

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара надлежните да преземат одговорност за, како што велат од партијата, големиот број смртни случаи кај деца и доенчиња во последните десеттина дена.

– Ова е најтрагичната недела во историјата на македонското здравство. Осум детски животи згаснаа поради неспособноста и хаосот кој го направи СДС и Таравари, рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, која побара и одговор дали се вистините вчерашните информации за случај во кој што бебенце починало при транспорт од Охрид кон Скопје.

Од партијата сметаат дека здравството е во хаос и оти за тоа се виновни министерот Арбен Таравари, премиерот Зоран Заев и, како што велат, „нивните партиски послушници“.

За ВМРО-ДПМНЕ, спорно е и тоа што Таравари цела недела не излегол во јавност да ги каже причините за ваквите состојби и ги прикривал работите. Побара министерот Таравари да се извини и да си поднесе оставка.

Поврзани новости