ВМРО-ДПМНЕ: Сумата за која новата влада ги задолжи граѓаните ќе се искачи на 230 милиони евра

by Fokus

СДС за само 100 дена успеа да задолжи над 350 милиони евра, пари на граѓаните, наши пари немајќи започнато ниту еден капитален проект од витално значење за граѓаните. Тие истопија 177 милиони евра од државните девизни резерви и ја задолжија Македонија 170 милиони евра, пари кои ќе треба да ги враќаат нашите деца, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС во вторник ќе не задолжи за дополнителни 60 милиони евра, со што сумата за која новата влада нe задолжила ќе се искачи на 230 милиони евра. Владата забрзано се задолжува, без да им каже на граѓаните за што ќе се трошат овие огромни суми. Додека владата крие за што ги троши парите од задолжувањето, во исто време потроши 59 милиони евра за патни трошоци, договорни услуги, набавка на мебел и инвентар и привремени вработувања – истакна Лилјана Кузмановска.

Поврзани новости