ВМРО-ДПМНЕ: Стари и истрошени кадри на СДСМ

by fokus

Со исти истрошени кадри СДСМ оди во изборен пораз, народот веќе ги прочита, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, откако Зоран Заев објави 30 кандидати за градоначалници на СДСМ за претстојните локални избори.

„Стари кадри за штитење на криминалот. Вечерва Заев го предложи Шилегов за кандидат за градоначалник за Скопје. Шилегов кој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров. Шилегов кој не вети, но брка 84 наставници, купува клупи од 500 евра од тропско дрво и плаќа противпожарно возило 900.000 евра поскапо од тоа што го плаќа град Загреб за исто такво возило“, реагираат од ДПМНЕ.

Од таму упатија критики и кон штипскиот градоначалник Сашко Николов и охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, кои повторно ја добија поддршката од владејачката партија за уште еден мандат.

„Николов се потсмева со работниците, а додека тој е градоначалник, неговите роднини, газдите на Баргала, даваат плата од 200 денари на напатениот народ. За Охрид СДСМ ќе трча со Константин Георгиев, кој две години не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси…“, стои во партиската реакција.

Поврзани новости