ВМРО-ДПМНЕ спинува: Заев вети 16.000 минимална плата, а не 12.000

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ вечерва испрати реакција во која вели дека премиерот Зоран Заев и СДСМ ветиле минимална плата од 16.000 денари, а од септември минималната плата ќе се покачи на 12.000 денари. СДСМ во изборната кампања вети постигнување 16.000 денари минимална плата до крајот на еден мандат, кое ќе се одвива етапно.

-Зоран Заев мора да го исполни тоа што го ветуваше. Граѓаните не очекуваат 12,000 денари минимална плата, туку 16. 000 како што ветуваше пред изборите. Граѓаните очекуваат 30. 000 денари просечна плата како што ветуваше за време на предизборната кампања, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека кога тие биле на власт, покажале како одговорна влада треба да се грижи за работничките права.

Поврзани новости