ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски или свесно дозволил да избега Исмаиловиќ, или е неспособен

by fokus

Оливер Спасовски или свесно дозволил еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ да избега од судница, или е целосно неспособен да организира безбедно судење.

Ова е реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако обвинет за случајот „Монструм“ избега од Кривичен суд додека Кривичниот совет одлучуваше по барањето на Обвинителството, нему и на уште еден обвинет да им одреди притвор.

-Оливер Спасовски да каже дали е во договор со Исмаиловиќ со што ќе се потврди поврзаноста на Спасовски со криминалните структури, или да признае дека е неспособен, со што ќе се констатира неговата неспособност. И во едниот и во другиот случај Спасовски треба да понесе одговорност. После вакво бегство на убијци на деца, министер за внатрешни си дава оставка. Не може обвинети за тешки кривични дела да бегаат од државата, а МВР на чие чело е веќе 5 години да спие.И сето ова се случува додека во затвор скапуваат недолжни граѓани, а криминалците се шетаат на слобода, велат од партијата.

Полицијата попладнево го најде Исмаиловиќ и ќе биде спроведен во затворот во Шутка.

Поврзани новости