ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Маричиќ се луѓе без морал и одговорност, да не беа, ќе си дадеа оставки

by Fokus

Нема друга држава каде министерите за внатрешни работи и правда немаат НАТО сертификати бидејќи се соработници на друга странска служба и вмешани во корупција.Спасовски и Маричиќ со самиот факт што немаат НАТО безбедносен сертификат го доведуваат во прашање кредибилитетот на државата, се вели во соопштението на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Спасовски и Маричиќ се луѓе без морал и одговорност, да не беа, ќе си дадеа оставки до сега. Со тоа што без НАТО сертификати држат позиции кои се од витално значење за државата е опасно. Заев наместо да се слика по црвени теписи со една кутија вакцини треба веднаш да ги разреши Спасовски и Маричиќ, а не да го брука цел НАТО сојуз држејќи ги на позиции. Не може луѓе на кои НАТО не им верува да држат високи позиции во Македонија, а притоа да се чукаме во гради дека сме за НАТО, тоа е лицемерие од Заев. Наместо да бегаат и да се кријат, нека кажат дали е вистина дека едниот нема сертификат затоа што има контакт со странска служба, а другиот затоа што е вмешан во корупција? До кога ликови со сомнителни контакти и минато ќе бидат на видни позиции во државата?Заев ја врати државата 20 години назад. Потребна е одговорност веднаш. Оставки од Спасовски и Маричиќ, се вели во соопштението.

Поврзани новости