За потребите на ВМРО-ДПМНЕ, агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики. Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.
1. Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале?
ВМРО-ДПМНЕ 21%, СДСМ 12.5%, ДУИ 7.2%, ЛЕВИЦА 4.3%, АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.3%, БЕСА 0.7%, ВМРО НАРОДНА 0.5%, ИНТЕГРА 0.4%, ЛДП 0.4%, ТВОЈА ПАРТИЈА 0.2%, АЛТЕРНАТИВА 0.3%, НДП-RDK 0.2%, ГДУ 0.1%, ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ 0.1%, ДОМ 0.1%, ДРУГО 0.3%, НЕ ОДЛУЧИЛЕ 19.2%,, ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ 18.1%,, НЕМА ДА ГЛАСАМ 11.1% 2.
Дали државата се движи во правилна насока?
Декември – Погрешна насока 60%, Правилна насока 25%, Не знае/одбива 15%.
Ноември – Погрешна насока 57%, Правилна насока 31%, Не знае/одбива 12% 3.
Кои се најзначајни проблеми? Економија/финансии 17%, Високи цени, мали плати 13%, Невработеност 10%, Корупција, криминал 8%.
Според ВМРО-ДПМНЕ, теренската анкета покажа дека опозицијата со најголемо водство од 9% пред СДСМ, огромно мнозинство смета дека државата оди во погрешна насока, најголем проблем економија, мали плати, а високи цени.