ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на Денот на дрвото, Владата покажа дека не сака чист воздух

by fokus

Владата на СДС укинувајќи го денот на дрвото на површина ја покажува лажната грижа за чистиот воздух, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако денеска Владата го укина Денот на дрвото.

-Чистиот воздух, исто како и ветувањето за живот на сите се лажни пароли и лажни ветувања кои ќе станат синоним за неспособноста влада на СДС и Зоран Заев. Овие две ветувања ќе се вбројат во редот на големи лаги на СДС како онаа дека ќе вработеа по еден од секое семејство, и дека ќе носеле инвестиции. Владата на СДС и Заев наместо по градење исклучиво ќе се памети по уривање, стопирање, и наметнување на нови давачки. Наместо со ново зеленило, тие против загадувањето се борат со покачување на цената на нафтата, покачување на цената на паркирање и редица ретроградни мерки. Досега над 35 милиони садници се засадени од 2009та до сега, со над 50 проценти успешност со што се смета за едно од најуспешните пошумувања во регионот. Само во Скопје само за изминатите 4 години засадени 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости