ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до СДСМ за нападот врз Тодоров

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ за хајка против партијата и нејзиното членство со цел заплашување.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека СДСМ го поттикнала нападот врз Тодоров.

– Вчера јавноста ги виде на дело резултатите од лагите, омразата и гневот кои СДС и инсталациите на Сорос во граѓанското општество со години свесно ги подгреваат против ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции во најкус можен рок да ги расчистат случаите и соодветно санкционираат сторителите, поттикнувачите, помагачите и нарачателите.

Поврзани новости