ВМРО-ДПМНЕ: Со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена

by fokus

За еден мандат со нови куќи се стекнаа Петре Шилегов, Венко Филипче, Мила Царовска и Радмила Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена, коментираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од илјада евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе.

Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште.

Од функција со луксузна куќа се поднови и Мила Царовска која изгради хациенда на Осогово.

Шекеринска својот имот го зголеми со нова куќа, резиденција во центарот на Скопје.

Луксузни куќи и станови во ек на мандат земаа и Костадин Костадинов и други функционери од власта.

Додека народот едвај врзува крај си крај врвот на власта трупа имот тежок милиони.

Време е да ставиме крај на политичарите печалбари, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости