ВМРО-ДПМНЕ со нови кадровски одлуки, избрано и претседателство на ветераните

by fokus

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа донел повеќе кадрови одлуки во насока на, како што соопшти денеска партијата, реструктуирањето и катарзата која беше најавена од партискиот лидер Христијан Мицкоски. ИК донел одлука за избор на претседатели на општински комитети, како и членови на претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, а разговарал и за актуелната политичка и економска ситуација, состојбата во здравството, блокадата од Бугарија.

-Извршниот комитет разговараше и за актуелната политичка и економска ситуација, при што изрази сериозна загриженост за состојбата во здравството поврзана со Ковид-19 пандемијата, каде што, секојдневно има траорни слики со починати од болниците на Венко Филипче, блокадата на Бугарија како резултат на лажните ветувања и пазарџиското однесување на Зоран Заев и распродавањето на државните интереси и државниот капитал, како и лошата состојба во економијата каде што секојдневно се бројат нови отпуштања, стои во соопштението.

За претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се избрани:

· Претседател на ОК НОВО СЕЛО – Петар Марков

· Претседател на ОК СТРУМИЦА – Жан Дрвошанов

· Претседател на ОК МАВРОВО И РОСТУШЕ – Харис Ибраими

· Претседател на ОК РАДОВИШ – Ванчо Ристов

· Претседател на ОК ПРИЛЕП – Дејан Продановски

· Претседател на ОК БОСИЛОВО – Мито Андонов

· Претседател на ОК ПЕХЧЕВО – Александар Китански

· Претседател на ОК БОГДАНЦИ – Марјан Пеев

· Претседател на ОК КОЧАНИ – Митче Стојков

· Претседател на ОК ПРОБИШТИП – Марјан Миленковски

· Претседател на ОК ДОЈРАН – Ѓорѓи Граматиков

· Претседател на ОК ДЕЛЧЕВО – Сашко Ивановски

· Претседател на ОК БЕРОВО – Столе Каракутовски

Според одлуката на Извршниот комитет, членови на Претседателство на Унијата на ветерани се:

· Мане Јаковлевски

· Слободан Анастасовски

· Драган Димишков

· Љупчо Трпевски

· Ѓорѓи Илиевски

· Мирослав Тасевски

· Драган Василевски

· Бранко Момировски

· Ѓорѓи Малковски

· Живко Ристески

· Александар Бичиклиски

· Илија Шаторот

· Сашо Наковски

· Златко Милошевски

· Ламбе Арнаудов

· Душко Ѓорѓиев

· Милан Кузев

· Сашо Дранго

· Борис Јанев

· Ванчо Каранфилов

· Марија Кирова

· Ристо Ѓоргиев

· Дејан Цветковски

· Митко Антовски

· Симо Илиевски

· Владо Ѓорески

· Андон Чибишев.

Поврзани новости