ВМРО-ДПМНЕ: Со евтината тарифа, цената на струјата ќе поскапи во наредниот период

by Fokus

„Цената на струјата ќе се зголеми во наредните година дена. Со либерализација на пазарот на електрична енергија која планира да ја воведе владата на СДС, сметките на граѓаните за електрична енергија ќе се зголемат, за најмалку 20%, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за воведувањето на евтина тарифа за електрична енергија.

– Актуелната популистичка мерка нема да влијае на сметките. Секој корисник на електрична енергија ќе ја види измамата со првата сметка. Затоа СДС ја најавува мерката сега, а разочарувањето ќе стигне после изборите. На граѓаните очигледно им станува јасно дека се повторува сценариото за продажбата на ЕСМ кое беше најавено како бонбона бизнис, а се што им донесе беа поскапи сметки за електрична енергија – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости