ВМРО-ДПМНЕ: Со дополнувањата ќе се подигне квалитетот на новиот универзитет

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес конференцијата на Сугарески од СДСМ и велат дека тие дале поддршка за дополнување на Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“, бидејќи со нив ќе се подигнеле стандардите за наставно-научниот кадар и останатите вработени кои треба да придонесат за поголем квалитет и интернационализација на универзитетот.

-Сметаме дека со овие дополнувања на Законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ значително ќе се допринесе за подигнување на квалитетот на наставно-научниот кадар, а истовремено и квалитетот на образовниот процес и материјата со која што ќе се стекнуваат идните студенти кои што ќе се запишат на некој од факултетите во рамките на новиот универзитет, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека со овие дополнувања на законот, наставата на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ ќе може да се изведува и на еден од официјалните јазици на Европската Унија.

Поврзани новости