ВМРО-ДПМНЕ со четири отсто предност пред СДСМ

by fokus

Агенцијата „Фактор Плус Адриа“ од Белград денеска објави анкета за јавното мислење во Македонија поврзано со претстојните избори, како и со економската состојба. Според анкетата, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 28,1 отсто, додека на СДСМ 23,9 отсто.

На трето место избива Коалицијата за промени и правда со 9,1 осто. Коалицијата е составена од Демократски сојуз на Павле Трајанов, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски, МОРО-работничка партија, ДЕМОС, а се очекува наскоро да пристапи и ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски.

Од испитаниците, за ДУИ се изјасниле 6,7 отсто, а за ДПА 3,7 отсто. Како неопределени се изјасниле 22 отсто од испитаниците.

anketa2

На прашањето дали ќе гласате на изборите, 64 отсто одговориле потврдно, 12 отсо рекле дека нема да гласаат, а 15 отсто се уште не одлучиле.

Истражувањето е спроведено во периодот од 19.10.2016 до 26.10.2016 на репрезентативен примерок од 1082 испитани, а анкетата е направена телефонски. Компанијата „Фактор Плус Адриа“ е една од водечките компании во областа на маркетинг истражување во Република Србија, а основана е во 2000 година.

 

Поврзани новости