ВМРО-ДПМНЕ: Снимките на Заев се монтажа

by Фокус 16:06
16:06

Ги демантираме сите наводи од денешната прес конференција. Наводите искажани од господинот Зоран Заев се целосно неточни и целосно измислени. Се работи за класична монтажа за нешто што во најголем дел не ни наликува на гласот на Никола Груевски,  се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ објави аудио-снимки од според нив, начинот на кој премиерот ја договорил продажбата на „Македонска банка“.

Во реакцијата на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во самата монтажа има многу грешки, спротивности и детали кои се побиваат едни со други и се крајно нелогични.

- Advertising -

„Се работи за лага и ако имало вакво нешто или било што незаконски направено од страна на Никола Груевски, започнувајќи од посочениот период кога ВМРО-ДПМНЕ е длабоко во опозиција, а премиер е Црвенковски и министер за внатрешни работи е Хари Костов, а потоа премиер станува Костов, па после него Бучковски, кога се водеа хајки против членови на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата во тоа време, и правеа се за да најдат и влакно во јајцето, за да може да го дискредитираат Груевски на политичката сцена, а и периодот потоа, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт од 2006тата година, досега најмалку стотина пати СДСМ или нивните коалициони партии ќе го објавеа ова и ќе поднесеа пријави и ќе постапеле по закон, а не вака да чекаат 5 дена пред избори и да се обидат да дискредитираат, мислејќи дека ќе им успее оваа манипулација и ќе се одрази на изборниот резултат“, стои во соопштението.

Оттаму посочуваат дека периодот за кога велат се случил овој наводен разговор и периодот потоа, пред повеќе од 10 години, бил период на жестоки политички битки кога актуелни и на позиции биле менторите на Зоран Заев, а во тоа време и Груевски бил и во длабока конфронтација и со Љубчо Георгиевски, и ако имало нешто незаконски тие ќе постапеле против Груевски.

– Ја информираме јавноста дека до господинот Зоран Заев ќе биде поднесена тужба за клевета и навреда, и дека тужбата ќе биде сеопфатна и по сите основи, реагираат од досегашната партија на власт, потенцирајќи дека на 27ми април Заев ќе добиел одговор од граѓаните.

Поврзани новости